Снимка од брутална пресметка на бензинска станица во селото Трн кај Бања Лука во Република Српска, во која смртно страдаше 24-годишниот Душко Савановиќ, член на навивачката група на ФК Борац од Бања Лука „Лешинари“ („Мршојадци“), се појави во јавноста.
Видеото од безбедносната камера на бензинската пумпа покажува како убиецот, 46-годишниот Далибор Чамбер, осудуван криминалец, приоѓа кон автомобилот на жртвата. Откако прво се обидува да се одбрани, момчето излегува од колата и почнува да бега, а убиецот пука и го погодува во стомакот и во ногата.
По ова, 22-годишниот пријател на Савановиќ, Алекса Бабиќ, од зад грб го удира Чамбер, но и тој добива куршуми во нозете.
Incident na pumpi, čovek sa pištoljem pucao u prolaznike, snimljen kamerom. pic.twitter.com/pOUHDnB8DV
— Car Šćepan Mali (@ScepanCar) February 18, 2021
Инцидентот во родното место на жртвата се случил околу 22 часот и 50 минути. Савановиќ бил погоден во стомакот и во задниот дел од бутниот мускул, на раните им подлегнал нешто по полноќ на Нова година, во болница во Бања Лука.
За помагање при извршувањето на убиството е осомничен и Милан Ѓурѓевиќ (42), кој исто како и Чамбер, е од блиското место Лакташи. И Ѓурѓевиќ може да се види на снимката.
Полицијата во деновите по Нова година мораше да го засили обезбедувањето кога го спроведуваше убиецот и неговиот соучесник во судот, поради загриженост од одмазднички напади на навивачите-другари на жртвата.
Навивачката група неколку дена подоцна со стотина запалени факели се прости од својот член, а на почетокот на месецов беше претставен и графит во чест на Савановиќ.
Според босанските и српските медиуми, на инцидентот му претходела расправија и куса физичка пресметка меѓу четворицата учесници, но досега не се откриени повеќе детали околу мотивот за бруталното убиство.