Одлучна акција на полицијата против нелегалното оружје – ловџии од штипско останаа без пушките

Од:

Денеска полицајци од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи, СВР Велес и СВР Штип извршија претреси на локации во с. Ореше, општина Чашка и во Штип, соопшти МВР.

При претрес кај К.И. (44) во селото Ораше, полицијата го пронашла неговиот арсенал: две ловни пушки, 22 ловечки патрони и 42 куршуми, а кај Е.П. (50) пленот бил ловен карабин, се вели во соопштението.

При претрес во Штип, кај К.А. (37) пронајдени се куршуми и таблети, за кои МВР не открива повеќе детали. Против тројцата ловџии ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Извештај на „Булевар Волтер“: Исчезнува оружје од западните пратки за Украина

(ВИДЕО) Венецуелската војска ги вооружува цивилите во работничките населби

Полицијата пронајде оружје и муниција кај американски државјанин со потекло од Нигерија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје