Хрватска има недостаток, но нема да ја купува руската вакцина Спутник V

Од:

Епидемиологот Мирослав Венера, претседател на Хрватското епидемиолошко друштво, за хрватските медиуми изјави дека веќе нема вакцини во Вировитичко-подравската Жупанија.

Тој смета дека треба да се размисли за одложување на втората доза на вакцината, објаснувајќи дека тоа се однесува на вакцината на „Фајзер“, а веројатно и на вакцината на „Модерна“, најмногу поради недостигот.

„Процентот на заштита по првата доза е многу висок, затоа многу светски влади размислуваат за одложување на втората доза уште повеќе“, рече Венус.

И покрај ваквите проблеми со вакцините, Хрватска нема да набавува од руската Спутник V. Хрватските власти ќе чекаат оваа вакцина да добие одобрение од Европската агенција за лекови. Ова пак нема да се случи брзо со оглед дека не е ниту побарана дозвола за Спутник V.

Во претходните денови, хрватските медиуми пишуваа дека работата со договорот за набавка на Спутник V е пред крај. Дури и рускиот амбасадор во земјата изјави дека Русија го очекува официјалното барање од Хрватска.

Земјите челенки на ЕУ имаат право самостојно да набавуваат вакцини кои не во меѓу одобрените од Европската агенција за лекови. Единствена држава која досега го направи тоа е Унгарија.

Би можело да ве интересира

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Ана Ололовска

Можно производството на вакцината Спутник лајт во Србија

Ана Ололовска

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Ѓуровски

Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус