Турција од март ќе почне со постепено враќање кон нормалниот живот во провинциите, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека „заклучувањето за време на викенд“, што важи во целата земја, ќе се укине во некои провинции врз основа на стапката на зараза.
Во декември во земјата беа воведени полициски час, „заклучување“ за време на викендите и други ограничувачки мерки, поради зголемувањето на случаите на заразени со коронавирусот.
Турција од 1 март планира постепено да ги отвори и училиштата низ целата земја.
Зборувајќи по состанокот на владата во Анкара Ердоган кажа дека одлуката за повторно отворање на кафулињата и рестораните ќе биде донесена во следните неколку дена и притоа ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат до препорачаните мерки.с