5,7 отсто од Грците досега примиле вакцина против коронавирусот

Од:

Надминавме 600.000 вакцинации од почетокот на процесот и постигнавме 5,71 отсто имунизациска покриеност, соопшти генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистокелус на денешната редовна прес конференција.

Темистокелус и министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во однос на откажаните термини за вакцинација во текот на вчерашниот ден поради невремето и снегот во Атика, објаснија дека бил активиран механизам за да не се загубат дозите, со оглед на тоа дека вакцината на Фајзер има ограничен временски рок вон специјалните фрижидери. Кикиљас истакна дека дозите биле искористени за вакцинација на 450 лица во атинскиот затвор Коридалос, односно вработени и затвореници, како и претставници на војската, полицијата итн.

Во однос на ситуацијата со пандемијата и исполнетоста на болниците, министерот за здравство на Грција рече дека од 656 ковид кревети на Одделите за интензивна нега во цела Грција, исполнети се 351, а во областа Атика, поширокиот регион на Атина, од вкупно 240, слободни се само 36 ковид кревети.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција