Победа од 2:0 над прволигашот Работнички забележа попладнево селекцијата составена од фудбалери, кои беа повикани на тридневниот подготвителен камп, организиран од стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација, предводен од селекторот Игор Ангеловски.
Избраниците на Ангеловски стигнаа до победата на пријателскиот натпревар одигран на теренот на ФФМ во Скопје со головите на Љупче Дориев (15) и Фатих Исмали (65).
Репрезентација: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски.
Играа и: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези, Адем, Станковски, Ѓорѓиевски, Ибиши.
Работнички: Мустафа, Ристески, Кировски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Стојкоски, Ѓурѓевиќ, Станковски.
Играа и: Герасимовски, Зекири, Зука, Лазаров, Ангелов, Рушту, Максимов, Петковски, Јефтоски, Прелчец.