Притвор за разбојништво во казино во Богданци

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице од село Стојаково, општина Богданци за кривично дело – Разбојништво.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 28 јануари осомничениот маскиран со црна фантомка на лицето и со црни ракавици на рацете, носејќи ранец на грбот, влегол во казино во Богданци. Вперувајќи пиштол, се заканил дека ќе нападне врз животот и телото на една вработена – касиер во казиното. Осомничениот ѝ кажал на оштетената да ја отвори касата и да ги извади парите, па одзел 134.200 денари.

-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело или дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.​​

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он