Одземени две возила во Тетово поради истечена регистрација повеќе од шест месеци

Од:

Тетовската полиција вчера одзела две возила поради истечена регистрација повеќе од шест месеци. Од стапувањето во сила на законските измени кон крајот на декември минатата година, на поширокото тетовско подрачје, заклучно со денеска, вкупно се одземени 27 возила, од кои 26 за истечена регистрација и едно за бучавост.

-Вчера околу 15:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово времено одзеле патничко моторно возило, управувано од 19-годишниот Е.Р. од скопско Бојане, кое не било регистрирано повеќе од шест месеци. Против сопственикот на возилото ќе следува соодветен поднесок по член 344 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Второ возило било одземено неколку часа подоцна во 18:45 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово.

-Времено било одземено и патничко моторно возило со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 38-годишниот тетовец Ј.А. кое не било регистрирано повеќе од шест месеци. Против сопственикот на ова возило ќе биде изготвен поднесок, информира Јосифоски.

Глобата за овој прекршок изнесува 500 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР