Општина Илинден за првите 200 ученици и студенти што ќе се зачленат во библиотеката при општината сместена во Домот на култура „Илинден“ ќе ја обезбеди годишната чланарина на сопствен трошок.
Библиотеката има читална и располага со фонд од над 10.000 книги меѓу кои и книгите од проектите на Владата „Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Општина Илинден преку изградба на инфраструктурни културни и образовни објекти создава услови за подигање на културно-образовните вредности.