Буба Корели бил уапсен поради Беливук: поранешен оперативец на српската државна безбедност ги откри деталите

Од:

Раперот Амар Хоџиќ (31), познат како Буба Корели, кој беше уапсен во неделата, по пукањето во сараевската населба Ступ, кога беше повреден неговиот братучед Омар Цуриќ, беше ослободен завчера. Тој е обвинет за предизвикување општа опасност, носење оружје и нанесување тешки телесни повреди.

Во текот на апсењето претресено е и возилото на Хоџиќ. Приведен беше и братучедот на раперот, а полицијата пронајде два пиштола кај него. Сè уште се трага по едно лице кое во моментот на пукањето било во „мерцедес“.

Како што потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на КС, Мирза Хаџиабдиќ, освен Хоџиќ, уапсен е и Омар Цуриќ.

Во врска со инцидентот што се случи, моето име беше споменато во некои медиуми. Се најдов на погрешно место во погрешно време и немам ништо со тој настан – изјави познатиот рапер Корели пред да биде уапсен.

Поранешниот оперативец на српската Државна безбедност Божа Спасиќ вели дека пукањето во Сараево е продолжение на конфликтот меѓу клановите во Србија и Црна Гора.

„Конфликтот меѓу Кавачкиот, Шкаљарскиот и другите кланови се префрла од територијата на Србија и Црна Гора кон Босна. На тоа укажуваат фактите од минатата недела, кога на Јахорина беше уапсена група членови на кланот Кавач, меѓу кои беше и сопругата на шефот на таа група. Очигледно е дека сето ова се пренесува во БиХ, само од една причина. Белград повеќе не е безбедна „куќа“ за членовите на тој клан по апсењето на Вељко Беливук. Постојат конфликти околу дрогата, имајќи го предвид фактот дека раперот кој беше дел од инцидентот, всушност е во близок контакт со наш музичар, кој е под сериозно сомневање дека тргува со дрога за потребите на Вељко Беливук“, вели Спасиќ.

„Сараевскиот рапер добивал дрога од членовите на кланот Кавач. Кланот избира луѓе од естрадата, тука тлото е погодно. Имено, колку повеќе продава, толку повеќе добива како процент. Ова е класична мафијашка пресметка, бидејќи доцнеше плаќањето. Со сигурност можеме да кажеме дека сето ова е поврзано“, посочува Спасиќ.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он