ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите на граѓаните пропаѓаат, додека фирмата на братот на Љупчо Николовскки зголемува профит за 2.100%

Од:

„Македонија е на 111-то место во борбата против корупцијата според Транспаренси, затоа што тие кои треба да се борат, се најкорумпирани.

Љупчо Николовски, вицепремиерот за (анти)корупција да каже како е можно фирмата на неговиот брат за една година има пораст на приходите за неверојатни 2.100%?

Да измислеше фирмата на братот на Николовски лек против корона или да произведуваше вакцини па немаше ваков вртоглав раст на приходите да оствари за кратко време“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Како во многу други случаи и овде смрди на матни зделки и огромна веројатност за корупција и злоупотреба на службена должност.

Во Македонија фирми со децениска историја отпуштаат вработени, а фирмата ма владиниот функционер рапидно скока.

Николовски е должен да излезе во јавноста и да даде одговори и да понесе одговорност. Власта е изворот на корупцијата во Македонија. Власта на Заев во европски рамки стана симбол за криминал. Љупчо Николовски е типичен преставник од таа власт на Заев по секој основ, а гледаме и по основниот заев модус операнди“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО