Приведен 26-годишник затоа што го нападнал татко му

Од:

Дваесет и шест годишник бил приведен во полицијата откако неговиот татко го пријавил дека го нападнал. Според пријавата на 47-годишниот татко, синот при нападот користел и остар предмет.

– Ноќеска околу 1 часот и 25 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец К.В., кој претходно физички го нападнал неговиот 47-годишен татко Л.В. Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет. К.В. задржан е во Полициската станица Тетово. Се расчистува и документира случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во 2020 година СВР Тетово бележи 74 кривични дела кои се однесувале на семејно насилство, при што најбројни се оние со употреба на физичка сила и нанесување на телесни повреди како и загрозување на сигурноста.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари