Застрашувачкиот момент помина без последици за човекотдодека едена ајкула пливаше ведаш зад него. Случајно тој погледна зад себе и виде перка од ајкула на само три метри.
Пливачите од плажата Наусет во близина на Кејп Кода во САД ги забележале перките и почнале да викаат по кајакарот, но тој не ги слушнал.
„Кога се свртев, видов ајкула веднаш зад мене и забрзав со веслањето. Сигурно беше долга два и пол метри “, рече кајакарот Валтер.
Тој призна дека непосредно пред да тргне со својот кајак ја убедувал својата ќерка да тргне со него. Таа одбила затоа што се плашела од ајкули. Тој се насмеал на нејзиниот одговор велејќи и дека нема ајкули.
Се повеќе ајкули се забележуваат на брегот на Масачусетс. Биолог Грег Скомал потврди дека бројот на бели ајкули постојано расте од 2008 година, а како причина зошто толку му се доближуваат на брегот, тој одговори дека тоа е поради недостатокот на храна.