Можностите за почеток на преговорите во рамките на португалското претседателство, тема на видео средбата Османи – Силва

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на негово барање, оствари видео средба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ, на која покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, фокусот бил ставен на можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.

Министерот Османи, се посочува, ја поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската унија за европската агенда на Република Северна Македонија и Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток