Еден странец, ангажиран по договор, загина синоќа во ракетен напад врз американска воздушна база на аеродромот во северниот ирачки град Ербил, соопшти коалицијата предводена од САД.
Во нападот биле повредени повеќе од 10 лица. САД побараа истрага за нападот и казнување на извршителите.
Во областа на американската база паднале најмалку три ракети.
Националноста на загинатиот странец не е соопштена.
Одговорност за нападот презеде досега непозната група Аулија ад Дам (Чуварите на крвта).