„Блиц“: Владика од СПЦ позајмува пари на свештеници, но наплаќа и камата

Од:

Банатскиот владика Никанор наплатува камата на пари што свештеници ги добиваат од црковниот Фонд за солидарност, објави „Блиц“.

Договорот за кредит-заем во кој весникот имал увид, се исти како од банка, а не како да станува збор за црковен документ. Имено, весникот тврди дека се наплаќа камата од пет отсто.

Владиката парите ги исплаќа во евра, а рокот на отплата е 18 месеци. Како што објави Блиц, во тој фонд на епархијата свештениците уплаќаат годишно од 170 до 240 евра. Целта при основањето била свештениците да си помагаат едни на други.

– Тоа е фонд да помогнеме едни на други, Претходно се трудевме секогаш во т.н. управен одбор на Фондот да бидат млади свештеници. Така беше се додека владиката не загосподари и со Фондот, изјави епархиски свештеник.

Од епархијата за весникот велат дека владиката и таквиот антицрковен кредит го дава со камата само на оние за кои тој ќе се одлучи.

– Дава до 2.000 евра и буквално пред УО сам одлучува, вели соговорникто на Блиц.

Репотерот на Блиц запрашал и за тоа каде оди каматата од заемите, но според свештеници од таа епархија на СПЦ, тоа е непознато.

– Досега не сме го виделе ни Статутот, бидејќи ги кријат. Кога се работи за парите, тоа е недопирлива зона штитена од владика, вели еден од свештениците.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија