Британскиот сој на вирусот „многу веројатно“ е посмртоносен, тврдат сега научници

Од:

Научници кои ја советуваат британската Влада велат дека новиот вид коронавирус, откриен во Велика Британија, е многу веројатно посмртоносен од оригиналниот, пишува Бизнис Инсајдер.

Научниците објавија нови резултати од неколку студии во петокот и проценуваат дека новиот вид, попознат како Б.1.1.7, може да биде 30 до 70 проценти поубиствен од оригиналниот вирус.

Претходно беше откриено дека новиот вид се шири побрзо, а премиерот Борис Џонсон на почетокот на овој месец најави дека „тоа исто така може да биде поврзано со зголемување на стапката на смртност“.

„Бизнис инсајдер“ пишува дека публикацијата на научниците сега ја потврдува оваа теза, но тие нагласуваат дека потребни се неколку подетални студии за да се донесе конечен заклучок во врска со новиот вид и смртноста.

Британскиот вид досега е откриен во најмалку 82 држави, пишува Њујорк тајмс.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски