МЗ: Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80 отсто на Детската клиника, се применуваат современи терапевтски протоколи

Од:

Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80 отсто на Клиниката за детски болести. Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер – 15 февруари секоја година се одбележува во знак на поддршка на децата со малигни заболувања, за подигнување на свесноста кај јавноста, како и за сите аспекти на нивната борба со болеста, соопшти Министерството за здравство.

Единствената специјализирана педијатриска болница во земјава каде се дијагностицираат и лекуваат деца со малигна болест на возраст до 14 години е Одделот за хематологија и онкологија при Клиниката за детски болести. Оваа установа ја има потребната експертиза, каде се применуваат современи терапевтски протоколи во согласност со препораките на Интернационалната педијатриска асоцијација. Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 досега, вкупно 15 деца заѕвонеле на ѕвончето на хемато-онколошкото одделение, ритуал кој секое излекувано детенце со неговите родители го прават при напуштање на Клиниката, информираат од Министерството.

И во услови на коронавирус, како што се посочува, обезбедена е терапијата во континуитет и ниту една не е одложена.

-Одобрени се европските и светски протоколи за тестирање на децата за Ковид-19 пред секое отпочнување на хемо-терапија за да може терапијата да тече безбедно. Во установата се применуваат сите мерки за заштита од овој вирус препорачани од Комисијата за заразни болести. Во однос на инфраструктурата, комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната на Клиниката за детски болести. Во тек е реновирање и на хемато-онколошкото одделение, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува