Првата жена во вселената подготвена и за лет до Марс

Од:

Русинката Валентина Терешкова, првата жена која полета во вселената, изјави дека е подготвена да направи уште еден подвиг и да полета на Марс, дури и тоа да биде пат само во еден правец.

– Марс е мојата омилена планета, изјави 76-годишната жена на прес-конференцијата во Ѕвездениот град, надвор од Москва, место каде се наоѓа центарот за обука на космонаути.

Терешкова, која стана национална хероина на 26 години кога во 1962 година отиде на пат во Вселената, истакна дека станала дел од групата која ги разгледува можностите за одење на Црвената планета.

– Ги знаеме, меѓутоа, човечките граници и за нас тоа е и понатамусон. Веројатно првиот лет ќе биде во еден правец, но подготвена сум, рече таа.

Русија на 16 јуни ќе прослави 50-години од историскиот лет на Терешкова, кој траеше три дена и направи 48 кругови околу Земјата, а нејзиниот лет стана главен пропаганден потег на Советскиот Сојуз.

Советскиот космонаут Јуриј Гагарин е првиот човек кој во 1961 година полета во вселената.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ