Нов круг проверки на „тројката“ во Грција

Од:

„Тројката“ кредитори – ЕУ, ММФ и ЕЦБ почнуваат денеска нов круг проверки на економските показатели на Грција.

Весникот Етнос објави дека новиот циклус инспекции ќе почне денеска со средба на министерот за финансии со претставници на тројката. Грчката страна очекува новиот круг консултации да заврши до 20 јуни пред седницата на еврогрупата.

Атина се надева финансиските министри да „отворат пат“ за рекапитализација на грчките банки и и да биде одобрена јунската транша од 3,3 милијарди евра за Грција.

Весникот Вима коментира дека средбата на министерот со тројката е во сенка на извештајот на ММФ од минатата недела во кој Фондот признава за „значителни грешки“ во однос на првиот план за спасување за Грција и оти раководството на ММФ со силен притисок упатува на големо намалување на грчкиот јавен долг.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски