ВИДЕО: Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Од:

Силен и разорен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил во океанот, на околу 89 километри од најблискиот брег. Земјотресот се почувствувал најсилно во Фукушима.

Засега нема предупредување за цунами, но како претпазливост им било кажано на жителите кои што живеат во крајбрежниот дел да се движат кон ридовите, објави „Јапон тајмс“. Во моментов нема извештаи за можна штета или повредени.

Фукушима се наоѓа во регионот Тохоку, на островот Хоншу, а главен град е Фукушима. Островот беше погоден од цунами на 11 март 2011 година, а потоа и од земјотрес, што резултираше со уништување во нуклеарната централа Фукушима.

Тој земјотрес беше со јачина од 9,3 степени, а огромните бранови од 16 метри, кои го преплавија јапонскиот остров, однесоа повеќе од 19 000 животи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски