Се бара притвор за 60-годишник кој се самозадоволувал пред деца

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, а јавниот обвинител достави предлог за одредување мерка притвор.

Како што информира ОЈО, 60-годишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото. Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оценил надлежниот јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште