Околу 30.000 набљудувaчи акредитирани за следење на изборите во Косово

Од:

Централната иборна Комисија на Косово објави денеска дека го затворила процесот на акредитација за вонредните парламентарни избори, што ќе се одржат утре.

Портаролот на ЦИК, Ваљмир Елези изјави за медиумите дека вкупната бројка на акредитирани набљудувачи изнесува околу 30.000.

– Според листата, ЦИК кредитира 18 амбасади со 146 набљудувачи, шест меѓународни оргнизации и институции со 37 набљудувачи, една јавна институција со 43 набљудувачи, 26 домашни невладини организации со 1.713 набљудувчи, 23 политички субјекти со 6.635 набљудувачи и 63 домашни и меѓународни медиуми со 626 набљудувачи, информира Елези.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија