Сеизмолошката служба на Хрватска регистрираше два умерени земјотреси утрово во близината на Петриња.
Првиот, посилниот потрес кој се случи нешто пред 5. часот бил со магнитуда од 3.7 степени по Рихтер. Вториот, дваесетина минути подоцна бил со јачина од 3.3 степени според Рихтер.
Двата земјотреса биле почувствувани и во Загреб.