Кривична пријава за крадец од Штип, расчистени четири кривични дела

Од:

СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против А.М. (24) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојничка кражба“, две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.

Пријавениот, како што соопшти МВР, кривичните дела ги сторил во периодот од 19 јануари до 6 февруари 2021 на подрачјето на Штип, насилно влегувајќи во куќи и патнички возила, од каде одзел најразлични предмети.

Во текот на 2020 година од страна на СВР Штип до ОЈО Штип, против А.М. се поднесени девет кривични пријави за кривично дело „тешка кражба“ и една кривична пријава за кривично дело „кражба“.

Од страна на судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари