А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Струга средба на хакерите од регионот

by А1он09/06/2013 - 15:30126
Share0

Под мотото „Ништо нема да се случи“ викендов во Струга се одржува третата средба на хакерите и технолошките ентузујасти од Македонија, Србија, Косово и Бугарија.

Добивај вести на вибер

Целта на собирот е ентузијастите во технологијата да ги споделат своите искуства, да разговараат за изумите и иновациите што треба да ги подобрат перформансите на комјутерските програми, како и на различни теми од областа на технологијата.

Јованка Гулицоска, претседателка на „Слободен софтвер – Македонија“ и домаќин на средбата вели дека терминот хакер, во јавноста честопати се толкува на погрешен начин.

-Хакерот може да се дефинира како ентузијаст кој сака да го прави и промовира нештото во своето поле на интерес. Хакерите се луѓе кои сакаат да дојдат до некој свој оригинален изум кој ќе им олесни одреден процес во секојдневието, објаснува Гулицоска.

Според Владимир Василев од Софија, основач на еден од четирите бугарски хакерски клубови, хакерите се луѓе кои се борат за приватност и против цензурата.

– Во реалноста ние докажуваме дека хакери не се тие кои ги кршат компјутерите или крадат информации. Треба да се прави разлика помеѓу хакерите и оние другите, кои ние ги викаме кракери, кои понекогаш се занимаваат и со нелегални работи, објаснува Василев.

По Струга, средби на хакерите од регионот, летово ќе се одржат во Сплит, а потоа и во Софија.

struga

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он21/02/2026 - 09:1621/02/2026 - 11:51

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски16/02/2026 - 13:3216/02/2026 - 13:33

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 13:48

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен