Ветерот најсилен во Штип и Струмица, во Скопската Котлина дува 60 километри на час

Од:

Ветер со брзина над 70 километри на час денеска повремено дуваше во Штип и Струмица, а попладнево во скопската котролина со брзина од 60 километри на час. Умерен до засилен ветер, а повремено и силен ветер имаше претпладне од јужен, а попладнево од северозападен правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, и до крајот на денот и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе биде и силен со брзина и над 70 км/час.

Времето утре ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде претежно сончево и студено со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 2 степена.

Би можело да ве интересира

Од среда дожд и ветер, а на планините снег

Следува снежен викенд, од понеделник се очекува стабилно време

А1он

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Силниот ветер направи хаос во Струмичко: урнат покрив, откорнати дрвја и искинати електрични кабли

Денес променливо облачно време со сончеви периоди

(ВИДЕО) Бело како во зима: Силно невреме ја погоди Србија, драматични сцени снимени низ целата земја

А1он