Твитерџиите во полн ек: Вакциниве нека ни ги остават во „Лидл“ во Врање, ќе си ги земеме следниов викенд

Од:

Вчера, некаде пред полноќ, пристигна владиното соопштение дека првата пратка вакцини која требаше да стигне во земјава како донација од Србија, всушност нема да пристигне.

Неколку часа претходно, новинарите се акредитираа за да го следат примопредавањето на вакцините, лично, од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце. Се организираше автобуски превоз, се подготвуваа пренесувања во живо, се чекаше говорот на премиерот Зоран Заев и на министерот за здравство Венко Филипче. Македонија доби тронка надеж дека ќе ја добие првата доза вакцини. Надежта згасна во 23.40 часот со владиното соопштение дека недостига техничка документација и настанот се одложува.

Граѓаните на социјалните мрежи се раздвижија, твитерџиите го достигнаа врвот за оваа трагикомедична ситуација, со оглед на тоа што Филипче континуирано најавува нови пратки од вакцини, а досега не е вакциниран ниту еден граѓанин, освен оние кои имаат и српско државјанство па успеаја да примат вакцина против Ковид-19 во Србија.

Ако е за утеха, кога незадоволството расте, во земјава како по правило се развива и хуморот, па во прилог пренесуваме дел од фотографиите и објавите на Твитер и на Фејсбук, кога земјава во последен момент извиси во однос на првата пратка вакцини, која се чинеше како најсигурна.

Според досегашните информации, Србија ја средила документацијата за вакцините на „Фајзер“ наменети за Македонија, па сега се чека само потврда од американската компанија вакцините да тргнат кон Македонија.

Во меѓувреме, се чекаат и 200.000 дози вакцини од кинеските „Синофарм“, за кои е најавено дека ќе стигнат наредната недела.

Би можело да ве интересира

Регулаторот на ЕУ поддржува двовалентни вакцини за примарна вакцинација против Ковид

САД размислуваат за годишни вакцини против Ковид-19

А1он

СЗО издаде привремени препораки за мешање на вакцините против Ковид-19

Ана Ололовска

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

А1он

Линдмајер: Производителите да ги приспособат вакцините на омикрон

А1он

Лајен: Вакцини за деца од 13 декември во ЕУ, мора да се разговара за задолжителна вакцинација

А1он