Маж искористил фотографии на струмичанки и ги објавил на сајтот за возрасни „xHamster“

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица вчера поднесе кривична пријава против 26-годишниот Г.С. од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, по член 149 став 1 од Кривичниот законик.

– Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни „xHamster“, информира МВР.

Четирите оштетени лица за делото дознале во втората половина на јануари 2021, кога и го пријавиле во Полициска станица Струмица.

– На 09.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на наредби на Основен суд Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С., кој е приведен во полициска станица, а обезбеден е и друг доказен материјал од интерес на постапката, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР