Османи-Вилмес: Заедничка е обврската да го задржиме европскиот кредибилитет на Балканот

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работна посета на Кралството Белгија, имаше средба со својот домаќин, заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски работи и надворешна трговија и федерални културни институции на Кралството Белгија, Софи Вилмес.

На состанокот, како што соопшти МНР, беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и перспективите за одржување на првата меѓувладина конференција, согласно одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите.

-Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитетот меѓу земјите од Западниот Балкан, затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка на земјите-членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги, и сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципиелни позиции и со Белгија, истакна Османи.

На средбата беше разговарано и за билатералните односи меѓу двете земји, за кои беше констатирано дека имаат стабилен и континуиран напредок.

Османи и Вилмес отворија и повеќе актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, како и темите поврзани со епидемиолошките состојби во двете земји и напорите за надминување на глобалната здравствена криза предизвикана од Ковид-19.

Посетата на Брисел на Османи продолжува со средби со претседателот на белгискиот Парламент Елиан Тилие и претседателот на Белгискиот Сенат Стефан Д’Хос, а во рамките на посетата Османи ќе оствари посета и на седиштето на НАТО, каде ќе се сретне и со генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија