Повеќе од 8000 пријавени за вакцинација во првите неколку часа

Од:

За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани на апликацијата за пријавување за вакцинација која денеска беше пуштена во употреба – објави министерот за здравство Венко Филипче.

Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, 10 February 2021

Тој потсетува дека сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате матичниот лекар дека сте се регистрирале.

-Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар треба ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата – објаснува Филипче.

Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани од матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија.

Страницата за пријавување почна да работи денеска, во текот на денот имаше проблеми околу регистрацијата, а профункционира без пречки попладнево.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски