Суга: Вакцинацијата во Јапонија ќе започне следната недела

Од:

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга најави дека Јапонија следната недела ќе започне со имунизација против Ковид-19, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници кои се изложени на најголем ризик.

– Ќе вложиме максимални напори за да бидеме подготвени на сè, порача денеска Суга на состанокот на неговата партија, каде го потврди датумот за првите вакцинации.

Тој повика на соработка на лекарите, медицинските сестри и другите здравствени работници, како и на локалните општински власти, со цел непречено спроведување на планираната масовна вакцинација.

Како што пренесуваат странските агенции, се очекува Комисијата на Министерството за здравство во следните неколку дена да ја одобри вакцината на „Фајзер“, од која Јапонија нарача 144 милиони дози.

Потпишани се и договори со британската „АстраЗенека“ и американската „Модерна“, за набавка на повеќе од 310 милиони дози вакцини, доволни за целото население на земјата.

Јапонските власти изразија одредена загриженост во врска со информациите за несигурност во снабдувањето со вакцини кои доаѓаат од Европа, бидејќи имунизацијата се смета за клучна за одржувањето на одложените Олимписки игри во Токио ова лето.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови