Застаре или не делото против Вранишковски?

Од:

Приврзаниците на Јован Вранишковски тврдат дека судскиот процес против него веќе застаре, судот пак негира и тврди дека Апелациониот суд ја донел пресудата во предвидениот рок, пред да поминат десет години откако е поднесено обвинението.

Од Апелацискиот суд во Скопје и од Основниот суд во Велес велат дека јавната седница во второстепениот суд се оддржала пред случајот да застари и пресудата е веќе донесена и се работи на нејзино пишување па затоа странките се уште не ја добиле.

Но приврзаниците на Вранишковски, со соопштение денеска велат дека според важечките закони на Македонија, делото за коешто е обвинет веќе е целосно застарено, бидејќи се изминати десетте години од последната дата опфатена во обвинението.

Тие констатираат дека е „сосема јасно дека под плаштот на „независното судство”, се спроведува државен терор врз верска основа против Архиепископот г.г. Јован и останатите Епископи“.

Тие пишуваат дека „посочениот однос на корумпираното и подложно на политички притисоци судство, резултира со негативни известувања на релевантни меѓународни институции во однос на газењето на верските слободи во Македонија, и неговата реформа се наметнува како услов за интегрирање на нашата земја во цивилизациските демократски текови“.

Би можело да ве интересира

Врховен потврди дека расчинетиот владика Вранишковски перел пари

Васко Маглешов

СПЦ и РПЦ го поздравија ослободувањето на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски од денеска на условен отпуст

Ана Ололовска

Обвинителството бара да се преиспитаат околностите за условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Обвинителството го обжали условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски на условен отпуст

Ана Ололовска