Косовските партии митингуваат без маски, медицинарите ќе ги тужат политичарите ако скокне бројот на заразени

Од:

Сојузот на здравствените синдикати на Косово (СЗСК) најави дека ќе покрене обвиненија против политичарите, доколку поради партиските собири за вонредните парламентарни избори на 14 февруари, на кои не се почитуваат мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, се забележи пораст на бројот на заболени.

Во денешното соопштение косовските здравствени работници порача дека „патриотизам, домољубие и грижа за земјата покажуваат сите оние кои ги почитуваат мерките, носат заштитни маски и ја почитуваат социјалната дистанца, а тоа не може да се види кај ниедна политичка партија, без исклучок“.

– СЗСК со вознемиреност ги следи изборните партиски собири на кои не се почитуваат мерките определени со Законот за превенција и борба против Ковид-19 на територијата на Република Косово, како и препораките на Инситутот за јавно здравство на Косово (ИКШПК), со што во голема мерка го загрозуваат здравјето на населението воопшто и на здравствените работници посебно, се вели во соопштението на СЗСК.

Косовските здравствени синдикалци ги предупредуваат „сите политички партии“ дека „одговорноста во случај да се зголеми бројот на заразени од Ковид-19 паѓа на нив“ и поради тоа најавуваат преземање на „сите законски дејствија, до покренување обвиненија за загрозување на здравјето на населението воопшто, и на здравствените работници посебно“.

Според последните официјални податоци на ИКШПК, објавени попладнево, досега во Косово, од појавата на првите случаи во март минатата година, се регистрирани 62.782 заболени од Ковид-19. Од нив, вклучително двата смртни случаи во минатото деноноќие, починале 1.528 заразени, додека активни носители на коронавирусот се 6.814 лица. Вкупната бројка на лица кои ја совладале болеста изнесува 54.440, од кои 209 се регистрирани последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина