Нетанјаху: Речиси сите починати во јануари не биле вакцинирани

Од:

Повеќе од 97 отсто од смртните случаи на Ковид-19 во Израел во текот на изминатиот месец се луѓе кои не биле вакцинирани, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Околу 38 проценти од девет милионското население во Израел ја примиле најмалку првата доза од вакцината против коронавирус, соопшти израелското Министерство за здравство.

Владините цели за постигнување имунитет на 50 отсто од граѓаните и повторно отворање на економијата следниот месец го доведува во прашање темпото на вакцинација, кое се намалува.

– Ние сме во вонредна состојба. Сакам да ви го соопштам шокантниот факт: Во текот на изминатите 30 дена во Израел починале 1.536 луѓе од Ковид-19. Повеќе од 97 отсто од нив не биле вакцинирани, а помалку од три проценти биле имунизирани, истакна Нетанјаху.

Вакцинацијата во Израел започна на 19 декември со приоритет на граѓаните над 60-годишна возраст и другите високо ризични групи.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот