Климатските промени имаат вина за Ковид-19: Ги принудиле лилјаците да имаат контакт со човекот

Од:

Климатските промени можеби ја имаат клучната улога во пренос на Ковид-19 врз луѓето така што принудиле одредени видови лилјаци да имаат близок контакт со човекот, покажува најновото истражување на Универзитетото Кембриџ.

Во истражувањето се користеле податоци за температурата, количеството дожд и промена на вегетацијата во изминатите сто години за да го моделираат движењето на десетина видови лилјаци.

Истражувањето покажува дека во минатиот век четириесетина видови лилјаци се преселиле во јужниот дел на Кина, во Лаос и во Мјанмар, подрачја каде, според резултатите од генетските анализи се појави Ковид-19. Бидејќи секој вид лилјак просечно носи 2,7 коронавируси, научниците истакнуваат дека околу стотина видови коронавируси сега се сконцентрирани во југоисточна Азија.

– Со оглед дека климата влијаеше на менување на живеалиштата на лилјаците, некои видови се селеа од едно до друго подрачје, носејќи го вирусот со себе. Тоа најверојатно доведе до нови интеракции помеѓу животните и вирусите и придонесе до тоа да се развиваат и да се пренесуваат штетните вируси. Ние не тврдиме дека пандемијата немаше да се појави без климатските промени, но, без сомнеж, климатските промени ги поттикна селидбите на лилјаците, изјави главниот автор на студијата, зоологот од Униферзитетот Кембриџ, Роберт Мајер.

Тој додаде дека точниот синџир на пренос на вирусот Ковид-19 од животните врз луѓето допрва треба да се утврди.

– Тоа се двете страни на истата монета. Ние се подлабоко продираме во нивните живеалишта, а во исто време климатските промени ги носат патогените во наш правец, посочи Мајер.

Во студијата на Универзитетот Кембриџ се повикуваат владите да ја ограничат урбаната експанзија и ширењето на земјоделството со цел да се намали ризикот од други пандемии на болести, што се ендемски кај дивите животни.

– Фактот дека климатските промени можат да ја забрзаат трансмисијата на патогени од дивите животни врз луѓето треба да претставува итен повик за будење за намалување на глобалните штетни емисии, истакна Камило Мори од Универзитетот Хаваи, кој учествуваше во истражувањето.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана