Филипче не кажува колку пари се кинеските вакцини, договорот го обврзувал на тајност

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче не кажува колку пари чинат кинеските вакцини за кои денес извести дека го потпишал договорот. Македонија од кинеската национална фармацевтска група „Синофарм“ набавува 200.000 дози од вакцината за заштита од Ковид – 19. Покрај цената, министерот Филипче, не го кажа ниту точниот датум кога се очекува да пристигнат вакцините, но уверува дека тоа ќе биде во февруари. Извесно е и дека вакцините ќе се пренесуваат авионски и дека ќе стигнат на скопскиот аеродром.

Од Министерството за здравство молкот на министерот за цената на вакцините го оправдуваат со обврски од договорот.

„Во сите договори со производителите, Министерството за здравство ја почитува одредбата од договорот за тајност и според глобалната политика на сите компании за производство на вакцини податоците кои ги содржат остануваат доверливи“, велат од Министерството за здравство.

Точниот датум за испорака на вакцините, како што објаснуваат од Министерството, ќе се утврдува во следните денови.

Кинеската национална фармацевтска група „Синофарм“ во август минатата година, кога се тестираше вакцината, соопшти дека двете дози од вакцината не би требало да чинат повеќе од 1.000 јуани, односно 148 американски долари, н истовремено претставници на кинеската Национална здравствена комисија најавија можност оваа првична цена да падне и вакцината да чини помалку.

Министерството не ги кажа ниту цените на останатите вакцини кои се набавуваат, а кои се очекува да почнат да стигнуваат од март. Во директни преговори со „Фајзер“ се договара набавка на 800.000 дози од нивната вакцина, а преку Ковакс – системот место 830.000 дози од „Фајзер“ во март ќе почнат да стигнуваат вакцини на „Астразенека“ кои не се препорачуваат за лица над 65 години поради недоволните податоци за ефикасноста кај оваа категорија луѓе.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта