Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, денеска приреди прием за кошаркарите на младинската и кадетската екипа на кошаркарскиот клуб „Струмица“.
Во опуштена и пријатна атмосфера, тие разговараа за најновите резултати на младите кошаркари, младинската екипа освои сребрени медали во првенствените и куп натпреварите, а кадетите освоија бронзен медал на шампионатот. Раководството на клубот и младите кошаркари ги пренесоа впечатоците од настапите во финалните натпревари. При тоа се заблагодарија на поддршката од градоначалникот Заев и ветија дека идната сезона ќе се закитат со златни медали. Во знак на благодарност му врачија три медали, по еден од секое натпреварување и кошаркарски дрес.
Градоначалникот Заев им честиташе за постигнатите резултати, се заблагодари за подарокот и рече дека неговата поддршка ќе продолжи и понатаму.
-Денеска е еден од оние денови, кога секој градоначалник како секој родител, како секој тренер се гордее со младите, со идните генерации на нашата општина Струмица. Навистина резултатите што и ги донесоа на Струмица се за огромна почит. Ја исполнивме задачата што лани пред почетокот на сезоната ја договаравме, а тоа е максимално внимание во вкупниот буџет на КК ,,Струмица,, да се посвети на младите категории. Ова година имаа две втори места и едно трето кои придонесоа за силна афирмација на Струмица и исполнување на целта која си ја поставивме пред нас, да градиме нови генерации кошаркари во Струмица и да го исполниме очекувањето на граѓаните кои досега ни дале до знаење дека се големи љубители на кошаркарката, дека знаат силно да ја поддржат и еве тој прв исчекор го направивме. На денешната средба сите си дадовме задача, догодина да освоиме шампионски титули, рече по средбата градончалникот Заев.