Хоти: Ви благодарам претседателе Бајден, среќата чука на наша врата

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден на пораката која ја упати на српскиот претседател Александар Вучиќ, а во која покрај честитките по повод Денот на државноста на Србија побара меѓусебно признавање на Белград и Приштина.

„Само добри вести за Косово и натаму пристигнуваат од Белата куќа“, напиша Хоти во објава на Фејсбук, реагирајќи на честитката од Бајден во која тој ја истакна поддршката на САД за постигнување „сеопфатен договор за нормализација со Косово, фокусиран на меѓусебно признавање“.

Хоти оцени дека пораката покажува дека Косово и натаму е приоритет на американската агенда.

„Кога имате силни пријатели. среќата чука на врата. Ве предупредив!. Ви благодарам претседателе Бајден“, напиша Хоти, пренесува Танјуг.

Хоти додека дека честитката е „сведоштво на посебната поврзаност на двете земји, и за вечното пријателство“, повторувајќи ги зборовите на Ибрахим Ругова дека куќа не опстојува без пријатели.

Од своја страна Вучиќ на честитката на Бајден реагираше дека во ниту еден меѓународен акт не стои дека меѓусебно признавање е целта и посочи дека сфаќа оти тоа е новата американска политика но дека Србија на тоа не се согласува.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Потпишав согласност за служење воен рок од 75 дена

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ

Трамп: Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви

Горан Наумовски

Израелската армија уби Американка – Бајден вели: Израел мора да спречи такви инциденти