Јапонскиот производител на автомобили Тојота официјално ја претстави новата единаесетта генерација на Корола.
Со над 40 милиони продадени примероци низ целиот свет, од своето појавување во 1966 година во Јапонија, Корола е еден од најпродаваните модели во светот.
Основниот модел ќе биде опремен со 1,8 литарски четирицилиндарски мотор што развива 132 коњски сили.
Главен адут на единаесетата генерација на Корола е новиот Еко модел со револуционерна технологија што со мотор од 140 коњски сили успева да постигне потрошувачка од 5,8 литри на 100 километри.