Вакцината на „АстраЗенека“ пристигна во Хрватска: испорачани 16.800 дози

Од:

Во Хрватска стигнаа 16.800 дози од вакцината на „АстраЗенека“. Ова е прва пратка, а до крајот на месецот ќе пристигнат повеќе од 150.000 дози, јавија хрватските медиуми.

„Доаѓаат и вакцините на ‘Фајзер’ и ‘Модерна’, така што конечно ќе имаме доволно количество вакцини и конечно ќе можеме да ја започнеме втората фаза од националниот план за имунизација“, изјави епидемиологот Ива Пем Новосел, за ХРТ.

Некои европски земји одлучија да не ги вакцинираат постарите од 65 години со вакцината на „АстраЗенека“, но во Хрватска велат дека нема потреба од такво нешто.

Причината е премалку истражување и недоволни информации за ефективноста на самата вакцина.

„Ако добиеме некои дополнителни информации по дополнителен мониторинг, секако дека ќе ја исправиме таа одлука. Сепак, докажано е дека оваа вакцина штити од тешки форми на болеста, хоспитализации и смртни исходи“, рече Пем Новосел.

Секој што решил да прими друга вакцина може да го стори тоа, но ќе мора да почека додека не пристигнат другите дози на вакцината.

„Во следните недели, кој и да сака да се вакцинира, препорачуваме да се вакцинира со оваа вакцина (на ‘АстраЗенека’), а оние што одлучиле поинаку, треба да почекаат“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ