Небото над источна Франција обоено жолто од песок од Сахара

Од:

Песок од Сахара го обои небото во жолта и окер боја на источна Франција. Феноменот, е импресионирачки, но тој се случува редовно, наведе Метео Франс.

Небото доби окер тонови, воздух полн со прашина, слој песок што ги покрива автомобилите и пригушена атмосфера. Песокот од Сахара оваа сабота се надви над Франција. Овој метеоролошки феномен, што не е невообичаен во зимскиот период, зафати голем дел од источниот дел на земјата, од Прованс до регионот Бургоњ-Франш-Комте, се до Лорен.

„Ова не е апокалипса или доаѓање на вонземјани“, веднаш предупреди со многу хумор Метео Франс. Феноменот се случува редовно.

-Секако тоа е импресивно, но прилично класично, подвлекува Оливие Пруст, прогнозер во агенцијата за метеорологија.

Тој тоа го објаснува со студениот воздух што се наоѓа високо и паѓа во Мароко и носи силни ветрови над северозападна Сахара. Овие одржливи струи, што носат песок, се протегаат се до Франција.

-Овој феномен често пати се случува од есен до пролет, додава Оливие Пруст.

Врнежите од песок почнаа вчера и се засилија денеска наутро. Дождливиот период што денеска циркулира низ земјата ќе го насочи овој феномен кон централна Европа.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата