Зариф го повика Вашингтон што поскоро да се врати кон договорот од 2015 година

Од:

Шефот на иранската дипломатија, Мохамад Џавад Зариф, денеска апелираше Вашингтон да се врати што е можно поскоро кон договорот со Иран за контрола на неговата нуклеарна програма, бидејќи во спротивно Техеран ќе биде принуден да заземе поостар став доколку САД до 21 февруари не ги ублажуваат санкциите.

Британските медиуми наведуваат дека Зариф ги споменал и изборите во Иран, кои ќе се одржат во јуни, и оценил дека доколку се избре цврст претседател, тоа може дополнително да го загрози договорот.

-Времето на Американците истекува и, колку подолго чекаат, толку повеќе ќе изгубат, предупреди иранскиот министер.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги испитува начините како да се врати во договорот за контрола на нуклеарната програма што Иран во 2015 година го потпиша со големите светски сили, а од кој поранешниот претседател Доналд Трамп унилатерално ги повлече САД во 2018 година и веднаш ги врати санкциите кон Техеран.

Иран возврати со постепено кршење на условите од договорот и продолжи да збогатува ураниум над 20 проценти, што е поголем процент отколку што е предвидено со договорот.

Бајден изјави дека доколку Техеран се врати на строгото почитувањето на правилата од договорот, Вашингтон може да го следи примерот и да го искористи тоа како отскочна даска за поширок договор што може да ја ограничи ракетната програма на Иран и неговите регионални активности.

Техеран инсистира Вашингтон прво да ги ублажи санкциите, пред да се врати на договорот, и децидно да ги отфрли преговорите за пошироки безбедносни прашања.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки