15-годишната Медисон Робинсон, која со покренување на сопствена фирма успеа да заработи големи пари и да создаде сериозен бизнис.
Нејзината компанија “FishFlops”, која превенствено произведува апостолки, го заработи првиот милион, а девојчето не планира тука да застане.
Медисон првите апостолки ги дизајнирала на свои 8 години и му ги покажала на својот татко кој се воодушевил од идејата и и дал пари да покрене свој бизнис, што и и се оствари пред две години кога ја покрена првата линија со 9 примероци.
Работата наскоро добро и тргна и младата Медисон ја прошири понудата со маици, шорцеви и други парчиња облека. Почнала да пишува и книга за деца, а наскоро планира да лансира апликации и видео игри кои ќе се случуваат под море. Во меѓувреме и нејзиниот татко започнал да работи за неа.
Продажбата првенствено се врши преку нејзиниот портал, а има склучено договори со продажни места и до сега продала 60.000 апостолки. Парите планира да ги вложи во свое образование, а веќе почнала да се занимава и со добротворна работа.