МВР: Приведени разбојници во Кисела Вода, украденото ќе биде вратено на сопствениците

Од:

Приведени четири лица за разбојништво и тешка кражба во Кисела Вода. Двајца од нив му ги земале парите на доставувач, а двајца украле пари, накит и мобилен од куќа.

Од МВР соопштија дека на 4 февруари приведени се Ф.Г. (20) и В.С. (20) од Скопје поради основано сомнение дека на 26 јануари оваа година извршиле разбојништво над З.Ц., доставувач во правно лице и му одзеле пари. Во службениот разговор, приведените го признале делото и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Полицајци од ОКР Кисела Вода вчера ги привеле Е.Д. (21) и Џ.И. (19) поради основано сомнение дека истиот ден извршиле „тешка кражба“ во куќа на улицата „Драга Стојанова“ и украле пари, накит и мобилен телефон.

Од полицијата велат дека по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР