Владика Пимен: Вака ли го сведочиме мирот Христов? Рушиме општина во обид да спречиме „рушење“ на црква

Од:

За вчерашните случки, за вандализмот и демолирањето во општина Центар од страна на неколку стотици „верници“, со реакција се јави и Европската епархија на МПЦ-ОА на митрополитот Пимен, преку Фејсбук фан страната.

„Отидов до центар да видам како напредува градбата со уште двајца колеги. Од некаде се зададе една гооолема група на луѓе подржувачи на градбата. Од верски побуди верував, координирани од своето парохиско свештенство мислев… Ама кога минуваа покрај нас, добив впечаток дека минуваат покрај „турски гробишта“. Не знам дали не нè видоа или не знаеја како изгледа православен владика. Белким од побожност се заслепени, не знам. Ама и јас шо мајка барав таму сега не знам. Дај бе некој од тоа архибригадата нека ме покани на кафе и да ми објасни што се случува на ова протести и контра протести, јас плаќам кафето“, напиша владиката Пимен на Фејсбук.

Нешто подоцна, откако демонстрантите започнаа да ја кршат општина Центар, владиката повторно објави своја реакција.

„Вака ли го сведочиме мирот Христов верен народе? Рушиме општина во обид да спречиме „рушење“ на црквата. Дајте да ги наполниме црквите наместо опшинските дворови. Само така се чува и брани црквата и верата мој верен народе! Бог од нас бара милост, а не жртва! Сепак, фала Ти Господи за сè“, напиша владиката Пимен на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите