Фаучи: Британскиот вид коронавирус може да стане доминантен во САД

Од:

Мутацијата на коронавирусот Б.1.1.7, првпат откриена во Велика Британија, веќе се шири во САД и може да стане доминантна во земјата, изјави доктор Ентони Фаучи, шеф на Националниот институт за алергии и заразни болести.

– Неодамнешното истражување од Велика Британија покажа дека оваа мутација може да биде нешто поубиствена во смисла дека ги прави луѓето повеќе болни и може да стане доминантна бидејќи се чини дека е многу брзо и лесно се шири од човек на човек, изјави Фаучи.

Тој оддаде дека единствениот начин да се спречат мутациите да станат доминантни е да се запре нивното ширење со почитување на мерките за заштита на јавното здравје и вакцинирање што е можно повеќе луѓе што е можно побрзо.

Мутацијата Б. 1.1.7 циркулира во Англија најрано од септември. Според британските научници, таа се шири 30 до 70 проценти полесно од оригиналниот вирус, а тие откриле мутација кај некои примероци од овој вид, што може да му овозможи на Ковид-19 да избегне заштита со антитела. Досега е потврдена во најмалку 70 земји, вклучувајќи ги и САД.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Фаучи ги повика Американците да се вакцинираат против ковид-19

По повеќе од 50 години епидемиологот Фаучи заминува од позицијата во американската влада

А1он

Фаучи: Ќе дадам оставка до крајот на мандатот на Бајден

Горан Наумовски

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец