Да останеме на штрек – порача германскиот виролог Штрек, кој бара да се одложат Олимпијадата и ЕП во фудбал

Од:

Водечкиот германски експерт, директорот на Институтот за вирологија при Бонската универзитетска клиника, Хендрик Штрек, оцени денеска дека претстојните летни Олимписки игри (ЛОИ) во Токио и Европското првенство во фудбал не треба да се одржат.

– Како виролог морам да кажам дека тоа не може да се одржи, изјави Штрек, предупредувајќи на последиците поврзани со ширење на коронавирусот од евентуалното одржување на двата големи спортски настани.

Според Штрек, зелено светло за одржување на Олимпијадата и Европското првенство е можно само доколку претходно бидат истражени сите можни последици поврзани со пандемијата.

– Тоа, меѓутоа, не е истражено. Целата измината година пропуштивме тоа да го направиме, додаде Штрек.

Минатиот месец и неговиот германски колега, вирологот Карл Лаутербах, апелираше УЕФА да се откаже од организација на ЕП што поради пандемијата на коронавирус лани беше одложено за ова лето.

Лаутербах во интервју за германскиот портал „Т-онлајн“, истакна дека епидемиолошката состојба на европскиот континент на почетокот на пролетта уште повеќе ќе се влоши, што одржувањето на ЕП ќе го направи невозможно.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски