НАТО ни донира опрема за вентилатори, со јапонски пари ќе купуваме машина за рециклирање медицински отпад

Од:

Договор за поддршка во рамки на јапонската грант програма за мали проекти за човековата безбедност (GGP) во државава потпишаа денеска јапонскиот амбасадор Хиронори Савада и економската директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосстојби, Мирјана Печевска Поп-Илиев во присуство на министерот за здравство Венко Филипче.

Со овој договор, како што соопшти Министерството за здравство, Клиниката за инфективни болести ќе добие машина за рециклирање медицински отпад со што ќе се зголеми безбедноста на медицинскиот персонал и пациентите преку итно безбедно отстранување на инфективниот и опасен отпад.

Министерот Филипче изрази благодарност за поддршката што Јапонија и ја дава на нашата земја години наназад, посебно во овие клучни моменти во ковид пандемијата.

Исто така денеска, Центарот за координација на евро-атлантскиот одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) донираше 60 комплети опрема за вентилатори на Министерството за здравство, овозможена со финансиска поддршка од Чешка, Литванија, Холандија, Велика Британија и САД.

– Следната недела, комплетите ќе бидат дистрибуирани до локалните болници каде претходно беа донирани 60 вентилатори, со испораката на 30 октомври 2020 година, објави НАТО на својата веб страна.

Опремата е наменета за КОВИД-19 болниците во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Охрид и Прилеп.

– Оваа поддршка е дел од целокупниот пакет помош што НАТО КОВИД-19 сојузниците се согласија да го обезбедат за Северна Македонија за справување со сериозните ефекти на пандемијата. Дополнителни вентилатори и друга медицинска опрема ќе бидат испорачани во Северна Македонија во следните недели, во рамките на Фондот за пандемиски одговор на НАТО, се вели во соопштението објавено денеска на веб страницата на НАТО.

Досега, осумнаесет НАТО сојузници имаат донирано финансиски средства и медицинска опрема и материјали во доверливиот фонд за одговор на пандемијата, од кој досега се одобрени пакети за помош за четири сојузници – Албанија, Чешка, Црна Гора и Северна Македонија, како и за пет партнери – Босна и Херцеговина, Ирак, Молдавија, Тунис и Украина.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата