Над 105 милиони луѓе во светот заразени со коронавирус

Од:

Бројот на луѓе заразени со коронавирус во светот денеска надмина 105 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Ворлдметерс (Worldometers).

Според веб-страницата, од почетокот на пандемијата, во светот се регистрирани 105.003,605 случаи на коронавирус, додека како резултат на оваа инфекција починале 2.280,754 лица, а 76.449,443 лица оздравеле.

Во моментов има 25.829,383 активни случаи, од кои 0,4 проценти или 106.400 од нив се во сериозна или критична состојба.

Најголем број нови и смртни случаи има во САД, каде се регистрирани повеќе од 27 милиони случаи и 461.930 починати.

На второ место според бројот на пациенти е Индија со повеќе од 10 милиони случаи, следи Бразил со повеќе од девет милиони, додека другите земји имаат помалку од четири милиони потврдени случаи на коронавирус.

Бразил е пред Индија по бројот на смртни случаи, со регистрирани 227.592 починати во земјата и 154.742 во Индија.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана